ЗА НАС

СК Ауто е млада  и динамична компанија за продажба и дистрибуција на авто делови основана во 2009. Најголем дел од портфолиото се производи од гума автомобилската индустрија (манжетни за хомокинетички зглобови, манжетни за полуосовини, манжетни на управувачот, гумени одбојници за амортизери и слично), како и голем избор на гумени црева за сите модели на автомобили, филтри и автомобилска галантерија. Посебен акцент е ставен на големиот асортиман на црева за интеркулери и турбини за сите видови автомобили.

Водени од идејата за градење на квалитетни и долгорочни деловни односи со клиентите, базирано на взаемна доверба, како и квалитетната услуга и производи, со текот на годините и СК Ауто прерасна во еден од најдоверливите дистрибутери за овој тип на производи во Македонија.

Но, не застануваме тука. Постојано се ги унапредуваме нашите ресурси и стандарди, од магацинскиот простор и продажното портфолио, до подобрување на ефикасноста во работењето и навремената достава на производите во рок од 24 часа од побарувањето.

Базирано на нашите мисија и визија, цврсто веруваме во успехот на компанијата.

 

ВИЗИЈА

СК Ауто е компанија посветена да биде партнер од доверба, како кон добавувачите, така и кон клиентите, обезбедувајќи квалитетни производи, исклучителна експертиза и услужливост и страст за квалитет и задоволство на клиентите.

 

МИСИЈА

  • Обезбедување на највисоко ниво на квалитет на услуга и современа понуда на нови производи.
  • Градење на квалитетни и долгорочни деловни односи со клиентите, базирано на взаемна доверба.
  • Постојано исполнување на очекувањата на нашите клиенти со нашата услуга и квалитет на производи.
  • Работа базирана на чесност, интегритет и почит во секое време.
  • Прилагодливост на промените и поттикнување на иновации.
  • Стремеж кон успешност во сè што правиме.

 

СК АУТО дооел
Ул. 50 Дивизија Бр. 20 а,
1000 Скопје, Р. Македонија
Тел.: +389 (0)76 46 24 60
Факс: +389 (0)2 111 2222
E-mail: info@skauto.mk